SCROLL
Чекор Напред со М6
Во 2020 год. М6 ја креираше платформата „Чекор Напред“ преку која разработува решенија за значајни прашања кои ги засегаат сите во општеството преку организирање тренинзи, обуки, работилници и други настани. Овој поткаст е логичен ЧЕКОР НАПРЕД во развојот на оваа иницијатива која е има за цел да даде поддршка на професионалниот развој во на лидерите и вработените во македонските компании. Секоја епизода ќе биде посветена на различни теми од бизнисот и образованието, а главен фокус се актуелни и релевантни теми за компании, лидери, менаџери, претприемачи и професионалци кои сакаат да го прошират своето знаење и да добијат практични совети од водечки експерти.
ЕПИЗОДИ
ПРЕМИЕРНА ЕПИЗОДА: инспиративна дискусија со Светозар Јаневски за „Културата на Лидерите – Клучот во управувањето со луѓе “
УСПЕХОТ НЕ СЕ СВЕДУВА САМО НА БРОЈКИ – ВАЖНИ СЕ ЛУЃЕТО, КУЛТУРАТА И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ ЗАЕДНИЦАТА – СВЕТОЗАР ЈАНЕВСКИ еден од најистакнатите бизнис-лидери во регионот
г-дин Светозар Јаневски сопственик на Групацијата М6 и претседател на Управниот одбор на Винарска Визба Тиквеш, г-дин Јаневски успешно водеше трансформации што ја поставија компанијата како лидер во винската индустрија со меѓународни признанија. Неговата визија, фокус на човечките ресурси и искуство во градење организациска култура ќе бидат темите на овој инспиративен разговор.
Во оваа епизода ќе научите:
- Како да изградите силна работна култура што поттикнува успех
- Зошто инвестициите во развој на вработените се клучни за долгорочен раст
- Реални примери и успешни приказни што можете веднаш да ги примените
Придружете ни се и дознајте како мали чекори можат да донесат големи промени – и за вас, и за вашата организација.
Чекор Напред со Тајните на Малопродажба со Гоце Боцески
Тајните на малопродажба – разговор со Гоце Боцески, експерт со долгогодишно искуство во ритејл секторот!
Дали некогаш сте се запрашале што навистина стои зад успешните продавници и брендовите што ги сакаме?
Во оваа епизода, Гоце Боцески ќе ги открие клучните фактори што ја движат малопродажбата, вклучувајќи:
- Како да ја разберете и предвидите куповната психологија на клиентите
- Стратегии за зголемување на продажбата и лојалноста на потрошувачите
- Инсајдерски совети за ефективно управување со инвентарот и профитабилноста
Не пропуштајте! Оваа епизода ќе ви ги покаже невидливите механизми кои ги прават најуспешните малопродажни компании – лидери на пазарот!
Ѓорѓи Петрушев за „Финансии 101- Бизнис без бројки не постои!“
Финансиската стабилност и долгорочниот успех на бизнисот не зависат само од приходите – туку од начинот на управување со ресурсите, информираното носење одлуки и стратегиското планирање.
Во оваа епизода на Чекор напред со М6 разговараме за:
- Клучните принципи на финансиско управување и нивното влијание врз растот на компаниите
- Зошто финансиската писменост е неопходна за носење одлуки
- Реални примери и совети за менаџери и бизнис лидери
Без разлика дали сте сопственик на бизнис, менаџер или професионалец кој сака да ја зголеми својата финансиска писменост – оваа епизода ви носи вредни увиди и практични совети!
Чекор Напред M6 со Горан Антевски
Овојпат разговараме со Горан Антевски, генерален директор на Раде Кончар ТЕП – експерт со долгогодишно искуство во контрола на квалитет и индустриско управување.
Зборуваме за:
- Како добрата организација го диктира квалитетот
- Зошто профитот е резултат на процес, а не случајност
- Што значи да се гради доверба преку стандард, систем и дисциплина
Гледај ја целата епизода сега на YouTube каналот Step Forward with M6
Сподели со колегите што сакаат да го подигнат својот бизнис или тим на следно ниво!
Чекор Напред M6 со Горан Митревски - "Сајбер безбедност"
Во петтата епизода на Чекор напред со М6 разговараме со Горан Митрески, генерален директор на Кабтел – лидер во ИКТ индустријата и визионер во областа на дигиталната трансформација.
Зборуваме за:
- Што значи вистинска дигитална трансформација, а не само дигитализација
- Како компаниите можат да изградат одржлив дигитален екосистем
- Зошто луѓето, процесите и културата се подеднакво важни како технологијата
„Дигиталната трансформација не започнува со технологија – започнува со јасна визија и посветеност кон промена.“
Чекор напред со М6 – Креативност на работното место со Линда Најман
Во оваа епизода разговараме со Линда Најман, експерт за лидерство, тимска соработка и иновации преку уметност и дизајн. Фокусот е ставен на улогата на креативниот лидер во градење инспиративни тимови и визија, како и начините на кои организациите можат да поттикнат култура на иновации, учење и развој.
Клучни теми:
- Како лидерството ја поддржува креативноста и иновацијата
- Зошто безбедната и поттикнувачка работна средина е клучна за нови идеи
- Примери и практични совети за развој на креативна организациска култура
Чекор напред со М6 – Проектен менаџмент со Волфганг Маиер
Во оваа епизода гостин ни е Волфганг Маиер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија АД, со кој разговараме за клучните аспекти на успешно управување со проекти.
Клучни теми:
- Што е проектен менаџмент и кои фактори водат кон успешна реализација
- Улогата на проектниот менаџер во градење на ефикасна комуникација и тимска соработка
- Како се менува управувањето со проекти во ера на вештачка интелигенција и зошто „додадената вредност“ станува сè поважна
Првите 10 епизоди од овој серијал се дел од партнерството со кое приватниот сектор се ангажира за развој на кадарот во државата, ко-финансирано од М6 Едукативниот центар и Владата на Швајцарија преку швајцарскиот проект „Образование за вработување“ – Е4Е@MK спроведуван од Хелветас.