

- ВОВЕД
М6 Едукативен центар по втор пат организира настан посветен на значењето на среќата и благосостојбата на работно место, продолжение на минатогодишната иницијатива „Среќен тим, успешен бизнис: Моќта на здрава работна средина“ овојпат под насловот „Алхемија на среќата“.
Настанот е дел од Интернационалната недела за среќа на работното место, глобално движење кое ја нагласува потребата од создавање здрави, продуктивни и поддржувачки средини за работа и живот.
Целта е компаниите да препознаат дека грижата за благосостојбата и мотивацијата на вработените е директно поврзана со нивната успешност, а вработените да добијат инспиративна средина во која ќе се чувствуваат ценети, охрабрени и спремни за нови предизвици.
На 6.10.2025 во М6 Едукативен центар ќе се одржи незаборавен настан со бројни експертски излагања и работилници со практични сесии каде преку конкретни алатки посетителите ќе добијат поширока перспектива за среќата како фактор кој влијае не само за успехот на компаниите и вработените, туку за квалитетот на живот на поединците и заедницата.
Со „Алхемија на среќата“ се отвора поширока општествена дискусија за тоа зошто среќата и благосостојбата се клучни, не само за успехот на компаниите, туку и за квалитетот на живот на поединците и заедницата. М6 продолжува да ја поставува оваа тема во центарот на вниманието и да обезбедува знаење и практики што водат кон позитивни и одржливи промени.
ТЕМИ кои ќе се обработуват
Finding Balance – Усогласување на професионалниот и приватниот живот, лична трансформација, ментална рамнотежа
The Mind Gym, Softer yet Stronger – Важноста на менталното здравје и отпорноста на стресот преку практични медитации, mindfulness вежби и совети како да се гради внатрешна сила
Every Step Towards Happiness – Фокус на физичкото здравје како основа за благосостојба.
Seeing Beauty, Feeling Life – Врската помеѓу убавината, здравјето и емоциите; грижата за себе не е само естетика, туку пат кон позитивни емоции, зголемена самодоверба и благосостојба
The Creative Mirror – Painting Our Inner Worlds- Отворање на перспективата за тоа како преку креативното изразување ја откриваме сопствената автентичност и ја градиме врската со другите.
The Rhythm of the Soul – Ослободување од стрес, урамнотежување на енергијата, поврзаност меѓу телото и духот преку танц и јога.
The Power of Connection, Why is No One Happy Alone – Фокус на меѓучовечките односи и социјалната поврзаност како клуч за среќа, со техники за градење
доверба и ефективна комуникација.
Family Bonds: Raising Next Generations – Практични совети за квалитетно поминување време со семејството, подобрување на комуникацијата и одржување
здрави односи во дигиталната ера.
The Algorithm of Joy, AI = Friend or Foe?! – Стратегии за баланс помеѓу дигиталниот свет и човечките потреби, истражувајќи ја улогата на технологијата и
вештачката интелигенција за создавање среќа и благосостојба.