
Преглед на обуката
Во време кога кариерите повеќе не се линеарни, оваа еднодневна обука нуди практичен пристап за кариерен развој преку методологијата на дизајнирано размислување. Учесниците ќе добијат јасност за сопствената насока, ќе истражат различни
можности и ќе креираат конкретен план за понатамошен развој, поврзувајќи ги своите вредности, силни страни и професионални цели.
Зошто да се приклучите?
- Да добиете јаснен увид за следниот чекор во кариерата
- Да научите структуриран, но флексибилен пристап кон носење на одлуки
- Да разберете што навистина ве движи и мотивира
- Да креирате реален, применлив план за развој
За кого е наменета?
- Вработени кои сакаат да се развиваат во кариерата
- Професионалци кои чувствуваат дека стагнираат или немаат јасна насока
- Луѓе кои сакаат проактивно да ја водат својата кариера
- Таленти подготвени за следно ниво
Цели на обуката
По обуката, учесниците ќе можат да:
- Го применат пристапот на дизајнирано размислување во кариерата
- Ги идентификуваат своите вредности, силни страни и мотивација
- Генерираат повеќе можни кариерни насоки
- Донесуваат поинформирани одлуки
- Креираат јасен и конкретен план за развој
Запознајте го обучувачот
Ана Костовска е организациски психолог со 17+ години искуство во работа со професионалци од различни индустрии, опфаќајќи: стратегија, развој на лидерство, организациска култура, добросостојба на вработените, дизајн на HR и организациски системи и друго.
Во својата работа ги комбинира организациската психологија, позитивната психологија и менаџерските практики за да создава средини во кои луѓето и организациите растат и постигнуваат резултати.
Паралелно со професионалната работа, активно придонесува во образовни и професионални заедници, поддржувајќи иницијативи за учење, развој и одговорно лидерство.
Агенда
- Вовед: Кариерата во современ контекст
- Што значи успешна кариера денес
- Клучни предизвици и можности
- Личен увид: Вредности и силни страни
- Препознавање на лични вредности
- Идентификација на силни карактерни страни и потенцијал
- Примена на методологијата на дизајнирано размислување за кариерен развој
- Истражување на различни кариерни опции
- Проширување на перспективата
- Креирање на личен кариерен план
- Претворање на идеите во акција
- Дефинирање на следни чекори
За купување на корпоративни пакети или за 3 лица и повеќе, ве молиме да не контактирате на info@m6.edu.mk
Have any questions regarding the course? Reach out using the form below!





























