
Преглед на програмата
Во денешно време на брзи промени, комплексни организациски динамики и зголемени барања кон лидерите, повеќе не е доволно само да се управуваат процеси – потребно е свесно водење на луѓе, тимови и системи. Современото лидерство бара системско размислување, длабока присутност и способност за работа со коренот на предизвиците, а не само со нивните видливи манифестации.
ПРОФЕСИОНАЛНА СИСТЕМСКА КОУЧИНГ ПРОГРАМА е единствена професионална системска коучинг едукација во регионот и пошироко, целосно акредитирана и меѓународно признаена како Professional Systemic Coaching Training Program.
Програмата ја води Марина Анчевска – Системски Мастер Коуч и НЛП Мастер Тренер.
Оваа програма е дизајнирана да ви овозможи нов правец во вашата кариера и/или значително да ја зголеми вашата вредност како професионалец во кој било сегмент од вашата работа. Ќе научите холистички, системски и соматски пристап кој ви овозможува да работите со индивидуалци, тимови и организации на длабоко и одржливо ниво.
Зошто да се приклучите на програмата?
• Единствена целосно акредитирана системска коучинг програма во регионот
• Меѓународна акредитација на Мастер Ниво 6 од IAPC&M
• Холистички системски и соматски пристап
• Примена во лидерство, HR, бизнис и организациски развој
• Интензивно практично искуство и реална работа со клиенти
• Континуирана менторска и супервизиска поддршка
• Сертификат по завршување на секое ниво
За кого е наменета програмата?
Оваа професионална едукација е наменета за:
• Лидери, менаџери, HR професионалци и тим лидери
• Професионалци кои работат со луѓе и сакаат да ги надградат своите лидерски способности
• Оние кои сакаат професионално да се занимаваат со коучинг како основна или дополнителна кариера
• Сите кои сакаат да работат со длабинска и одржлива промена
Цели на програмата
Учесниците ќе бидат способни да:
✓ Работат со системски пристап во индивидуален, тимски и организациски контекст
✓ Применуваат бизнис коучинг техники во лидерство и HR
✓ Препознаваат и работат со системски динамики и заплеткувања
✓ Користат соматска интелигенција во коучинг процес
✓ Водат професионални и одржливи коучинг процеси
✓ Работат со бизнис констелации и организациско поле
Запознај го тренерот

Марина Анчевска
Системски Мастер Коуч | НЛП Мастер Тренер | Основач на Системска Коучинг Академија Марина Анчевска е еден од водечките експерти за системски коучинг и системска работа во регионот, со долгогодишно искуство во едукација, личен и организациски развој. Таа е Системски Мастер Коуч и НЛП Мастер Тренер, со длабока специјализација во системски пристапи, бизнис констелации и соматска интелигенција. Во својата професионална практика, Марина работи со лидери, менаџери, HR професионалци и организации, поддржувајќи ги во процеси на трансформација, лидерски развој, тимска динамика и организациски промени. Нејзиниот пристап се темели на холистичко разбирање на системите – индивидуални, семејни, тимски и организациски – со фокус на работа со коренот на предизвиците, а не само со нивните симптоми.
Програма
Програмата е поделена на две нивоа кои се следат по утврден редослед:
НИВО 1: Системски Коучинг Практичар и Бизнис Коучинг
Вкупно: 126 часа
Структура:
• 60 часа теорија (10 модули по 6 часа)
• 16 часа искуствен системски коучинг ритрит
• 2 часа интерактивна Q&A сесија
• 4 часа вежби во живо со коуч
• 2 часа групна менторска сесија
• 2 часа индивидуална менторска сесија
Дополнителни обврски:
• 10 коучинг сесии со клиенти + извештаи
• 6 часа работа во група
• 15 часа читање литература и изработка на есеј
• 11 часа CPD
НИВО 2: Професионален Системски Коуч
Вкупно: 104 часа
Структура:
• 36 часа теорија (6 модули)
• 16 часа искуствен системски коучинг ритрит
• 2 часа Q&A
• 4 часа вежби во живо
• 2 часа групна менторска
• 2 часа индивидуална менторска
Дополнителни обврски:
• 10 коучинг сесии со клиенти
• 6 часа групна работа
• 15 часа литература и есеј
• 11 часа CPD
Структура на ниво 1:
Модул 1 – Основни принципи на системскиот коучинг (6 часа во живо) 21.02.2026
– Морфогенетско поле
– Историја на системската работа
– Системска терминологија: системска свест, системска интелигенција, системска мудрост
– Разликата помеѓу секаков вид на коучинг и системски коучинг со холистички пристап на промена
Модул 2 – Различни коучинг техники (6 часа во живо) 22.02.2026
– НЛП коучинг модел
– T – GROW коучинг модел
– Логички нивоа на промена
Модул 3 – Уметност на поставување прашања Дел 1 (6 часа во живо) 03.03-04.03.2026
– Калибрирање наместо интерпретација
– Мета модел
– Логички нивоа на промена
Модул 4 – Уметност на поставување прашања Дел 2 (6 часа во живо) 17.03-18.03.2026
– Прашањето не е никогаш прашањето
– Стратегии на справување
– Научете како да ја препознавате позицијата и улогата во системот
Модул 5 – Коучирање на полето на клиентот (6 часа во живо) 28.03.2026
– Процес на системски коучинг
– Како да имам пристап до системските информации?
Модул 6 – Примена на системски коучинг во бизнис опкружување (6 часа во живо) 14.04-
15.04.2026
– Примена на коучингот при менаџирање на луѓе и процеси во бизнис опкружувањето
– Процес на системскиот коучинг
– Практични бизнис коучинг техники
Модул 7 – Лидерство и системски коучинг (6 часа во живо) 28.04-29.04.2026
– Уметноста на свесно лидерство
– Поврзаноста на лидерството и коучингот
– Коучинг комуникација
Модул 8 – Системски коучинг во човечки ресурси (6 часа во живо) 16.05.2026
– Примена на коучингот како алатка во управувањето со човечки ресурси
– Техника за работа со вредности и верувања
– Бизнис констелации
– Стратегии и стилови за справување со промени и конфликти
Модул 9 – Практични бизнис коучинг алатки (6 часа во живо) 17.05.2026
Логички нивоа во организација
– Конструктивен фидбек за зајакнување на продуктивност
Модул 10 – Системски коучинг за перформанси и мотивација (6 часа во живо) 27.05-28.05.2026
Организацијата е жив систем
– Како да управувате со организациското поле
– Разлика помеѓу семеен и организациски систем
– Динамика и заплеткувања во тимовите и организацијата
3-дневен искуствен системски коучинг ритрит (16 часа во живо)
Структура на ниво 2:
Модул 1 – Основни принципи на системскиот коучинг (6 часа во живо) 22.09-23.09.2026
– Системски коучинг за лични предизвици или тимски и организациски
– Научете како да го мапирате системот
– Работа со генограм
Модул 2 – Системско патување на коучот и клиентот (6 часа во живо) 13.10-14.10.2026
– Четири полиња на свесност
– Коучинг и поле на клиентот
– Работа со системски коучинг
– Принципи на системска работа
Модул 3 и Модул 4 ќе се одржат во 3-дневен искуствен системски коучинг ритрит (16 часа во
живо) 23.10-25.10.2026
– SOAR стратегија
– Важноста на соматска интелигенција кога сте во улога на коуч
– Состојба од Crash to Coach state
– Телото памти се – соматска интелигенција
– Водење на констелации – мапирање, интервенција и затворање
– Работа со TimeLine – временски линии
Модул 5 – Бизнис констелации (6 часа во живо) 04.11-05.11.2026
– Примена на бизнис констелации како алатка за водење на луѓе и процеси
– Практична работа со бизнис констелации
Модул 6 – Супервизија (6 часа во живо) 17.11-18.11.2026
– Практична работа со клиенти
Клучни информации
Почеток Ниво 1: 21.02.2026
Почеток Ниво 2: 22.09.2026
Термини:
Работни денови: 17:00 – 20:00
Викенд: 10:00 – 16:00
Ниво 1: 1.700 ЕУР
– 15% попуст при пријавување во М6 едукативен центар = 1.445 ЕУР
Ниво 2: 1.200 ЕУР
– 15% попуст = 1.020 ЕУР
Вкупно Ниво 1 + Ниво 2: 2.900 ЕУР
– 15% попуст = 2.465 ЕУР
Пополни ја фомрата и резервирај го своето место!





























