
Јавен повик за експерти и предавачи
Станете дел од експертската мрежа на M6 Едукативен Центар!
М6 Едукативен центар го проширува своето портфолио на експерти, предавачи, тренери и консултанти и упатува јавен повик до искусни професионалци за соработка и реализација на квалитетни едукативни и професионални програми.
Бараме експерти кои комбинираат професионално искуство, практично знаење и современи, интерактивни методи на предавање.
Заинтересираните кандидати да достават:
- Кратка професионална биографија
- Области на експертиза и теми за обука
- Финансиска понуда за 4 часа и 8 часа предавања
- Финансиска понуда за консултантски ангажман на ден
- Професионални референции
📩 Испратете ја вашата апликација на: info@m6.edu.mk






























