Концепт за организирање на конференција
М6 Чекор Напред е проект и платформа преку која се дискутираат и се нудат предлог решенија за темите и предизвиците кои го допираат секој елемент од развојот на општеството, компаниите и граѓаните на Република Северна Македонија и регионот, преку едукација и совети од еминентни лица од светот на политиката и економијата.
Во рамки на проектот, ја најавуваме новата, трета по ред, конференција на тема:
„Македонската економија во двоен шок – каде се движиме? “
Mакедонската економија влегува во период на криза која по својот обем и времетраење ќе биде полоша од онаа со пандемијата. Енергетската криза којашто ја зафати Европа, заради војната во Украина, се пренесе врз македонската економија. Стравувањата дека влегуваме во стагфлација, односно во период на низок раст, висока инфлација и зголемување на невработеноста, се сѐ поизвесни. Годишната стапка на инфлација во октомври 2022 достигна високи 19,8 %, што ја става Македонија меѓу државите кои се на врвот на листата според инфлацијата во Европа. Јавниот долг на крајот од третиот квартал се искачи на 7.644 милиони евра и е повисок за 2,1 милјарда евра во однос на периодот пред ковид кризата. Буџетот за 2023 година се планира на 5.281 мил. евра, што е нов историски врв на вкупни расходи, а буџетскиот дефицит повторно се планира да изнесува високи 700 милиони евра. Проекциите за економскиот раст во 2023 година се скромни, како од Владата така и од меѓународните финансиски институции, а прокциите за инфлацијата се сѐ уште високи. Енергетската криза во Европа тековно е во затишје, но сите предвидувања се дека нѐ чека уште потешка зима во 2023/24 година.
Цели на конференцијата:
- Како ќе се соочиме со краткорочните/среднорочните предизвици?
- Дали е нарушена макроекономската стабилност?
- Кои мерки треба да се преземат за да се справиме успешно со кризата?
- Колку сме подготвени да издржиме висока инфлација и висока кумулација на јавниот долг?
- И по 30+ години независност, колку сме финансиски и економски стабилни?
- Кои се начините за зацврстување на потенцијалот на економијата?
- Гласот на реалниот сектор.
Прв дел: Официјално отворање на настанот, со обраќање од страна на говорници
- Северна Македонија – Надвор од кризите - Jasmin Chakeri, Practice Manager and Sanja Madzarevic Sujster, Senior Economist - World Bank
- „Буџет 2023 и среднорочна фискална стратегија“ - Фатмир Бесими, Министер на Министерство за Финансии на Република Северна Македонија
- „Најнови макроекономски проекции и на Народна Банка на РСМ“ - Претставник од Народна Банка на Реублика Северна Македонија
- „Ранливоста на македонската економија во услови на криза“ - Маја Кадиевска Војновиќ, предавач и поранешен вицегувернер и финансиски експерт
Втор дел: Панел дискусија – „Влијанието на инфлацијата и енергетската криза врз работата на компаниите во РСМ“
- Светозар Јаневски, Претседател на УО на ВВ Тиквеш
- Маја Штериева, МБА
- Сашо Наумоски, Извршен Директор на Витаминка
- Штефан Петер, Генерален Директор на ЕВН и претседател на совет на странски инвеститори