за обуката auto cad
Истражувањата покажуваат дека е сè поголема потребата, но и недостатокот на целосно обучени инженери и дизајнери на пазарот на трудот.
AutoCAD како програма која не само што значително помага, туку и е од круцијално значење во голем број на индустрии (проектирање, дизајн на екстериери, дизајн на мебел, ентериер, проектирање на електрика, машинство, системи на греење и разладување, осветлување итн.) Голем фокус во програмата се става на практичната примена на изучените вештини, што е водечкиот концепт зад целиот дизајн на програмата, како и селекцијата на тимот инструктори.
Програма :
- Кориснички интерфејс. Прилагодување работен цртеж.
- Навигација и контрола. Цртачки алатки. Слоеви. Цртање едноставни објекти. Блокови.
- Наредби за модификација. Напредни цртачки наредби.
- Типови на линии. Дебелини. Бои. Шрафури. Технички цртеж. Размер. Формати.
- Текст. Котирање.
- Подготовка за печатење. Печатење и креирање на .pdf документи.
- Основи на 3D моделирање. Рендерирање. Уредување на рендер во Photoshop.
Работа на реален проект
- Работа на реален проект и следење на сите фази во процесот на проектирање, од основен проект до рендерирање.
- Разработување и цртање на проектна документација.
- Цртање на архитектонски детали со употреба на разни алатки.
- Практичи примери за проектирање на објекти
- Практични примери за проектирање на мебел
- Практични примери за проектирање на електрична инсталација, осветлување и мрежни елементи
Што ќе добиете?
- Можност за работа на реални случаи од пракса
- Вмрежување со М6 соработници и можност за вработување
- Сертификат за завршен тренинг
- Обука за вино од страна на Тиквеш Вински Едукатор
За кого е наменета обуката?
- Ученици на техничките факултети кои сакаат да си го зацврстат и надградат знаењето
- Млади без или со основно познавање на AutoCAD
- Секој што сака да започне високо платена кариера во различни индустрии
Предавачи :
Фокусирајќи се на потребите на индустријата и нашата мисија да создадеме млади луѓе кои по завршувањето на обуката ќе бидат подготвени за работа во соодветна компанија, ангажиравме врвни експерти од областа, предавачи со долгогодишно искуство, но и потенцијални работодавци кои имаат огромна потреба од нови, обучени кадри. Голем фокус во програмата се става на практичната примена на изучените вештини, што е водечкиот концепт зад целиот дизајн, како и селекцијата на тимот инструктори.
Мартин Деловски
Teaching Assistant at the Faculty of Architecture and Design at UACS
Сара Ацевска
Designer and Manager of production at Mebel Acevski
Емилија Јанкоска Митановска
Architect/Designer – Design, supervision, revision and implementation at AD DOOEL Ohrid
Никола Кунгуловски
Founder and CEO of Proxy
Благоја Бајковски
PhD Researcher in the field of Architecture and Teaching Assistant
Цена за учество во програмата: 670 EUR + ДДВ
Регистрација:
info@m6.edu.mk