
За обуката
Дали сте подготвени да зборувате како вистински лидер, да ја освоите публиката и моќно да ја пренесете својата порака?
Обуката “Од трема до триумф – уметноста на јавното говорење” има уникатен пристап со тоа што комбинира повеќе техники за успешен јавен настап и презентациски вештини. Обуката вклучува и актерски вештини, бидејќи токму актерите се едни од најдобрите комуникатори и двигатели на публиката. Дополнително, обуката го покрива и аспектот за настап и претставување пред медиумите.
Оваа обука е одличен спој на теоретски и практични вежби, каде учесниците ќе имаат можност да го усовршат своето знаење и вештини и со тоа да добијат поголема самодоверба во секојдневната комуникација и јавните настапи.
За кого е наменета
- Менаџери и лидери кои треба моќно да ја изразат својата визија за да ги инспирираат и активираат членовите на своите тимови.
- Професионалци кои преминуваат во нови улоги со зголемени барања за јавно говорење и правење презентации.
- Професионални здруженија заинтересирани за можности за развој на лидерство за директори и извршни директори.
- Претприемачи кои треба да изградат доверба и влијание кај инвеститорите и клиентите.
- Агенции за односи со јавноста и консултанти со клиенти кои сакаат да го подобрат своето говорење за настапи со голема видливост.
- Говорници од сите типови кои сакаат да ги подобрат или да се стекнат со вештини за јавно говорење.
- Внатрешни процеси на размислување и верувања, промена на научени стилови, надминување на бариерите, градење самодоверба на јавен говорник
- Техники на изразување и подготовка на материјалот за секаква прилика
- Актерски техники за јавен настап
- Вежби
- Јавен настап
- Владеење со емоции
- Градење однос со публиката и освојување на просторот (енергетски)
- Вежби
- Односи со медиуми
- Настап на ТВ
- Справување со тешки прашања
- Однесување пред камера
- Вежби

Запознајте ги предавачите

Ирена Јакимова
Основач на Инспирит Коучинг
Ирена Јакимова, MBA, е професионален тренер и коуч со преку 12 години интернационално и домашно искуство во таа професија. Обучена е и користи најнапредни светски методологии, а специјализирана е за работа со лидери, а особено со јакнење на капацитетите и оснажување на жените. Преку спојот на правилата од односи со јавноста, комуникација и внатрешен личен развој, таа долги години обучува групи и поединци да ја надминат тремата, сомнежот и соодветно да се подготват за да бидат сигурни говорење пред други.

Катерина Коцевска
Актерка
Катерина Коцевска е театарска, филмска и телевизиска актерка со долгогодишно искуство и огромен број реализирани проекти. Коцевска била и директрока на Драмскиот театер во Скопје, а е добитник на голем број награди и призјанија за своето работење.

Снежана лупевска созен
Уредник/Новинар
Снежана Лупевска е новинар и главен урдедник на телевизија Телма, a e продуцентка и авторка на истражувачката емисија Код. Лупевска е наградувана за својата работа од страна на Американската амбасада во земјава како и од Здруженитео на новинарите во Македонија.
Цена
24.000 ден. со ДДВ
За два или повеќе учесници од истата компанија контактирајте нè на info@m6.edu.mk
Оваа активност е ко-финансирана од М6 Едукативен центар и Владата на Швајцарија преку проектот „Образование за вработување“ – E4E@mk спроведен од Хелветас.