За тренингот
Програмата е дизајнирана да ги опфати најновите трендови и алатки во дигиталниот свет, овозможувајќи им на учесниците да ги разберат клучните аспекти на дигитализацијата, како и да ги идентификуваат можностите за подобрување на процесите и услугите во нивните организации.
Преку интерактивни работилници и студии на случај, учесниците ќе научат како да ги применат стекнатите знаења и вештини за да ја подобрат ефикасноста, иновациите и конкурентноста на нивните компании. Дополнително, програмата ќе овозможи вмрежување со други професионалци и експерти во областа, со што ќе се отвори простор за соработка и размена на идеи.
По завршувањето на тренингот, учесниците ќе бидат подготвени да водат проекти за дигитална трансформација, да имплементираат нови технологии и да ја унапредат дигиталната стратегија на своите организации.
Овој тренинг М6 Едукативен центар го реализира во соработка со организацијата GoDigital.
За кого е наменет тренингот
- Средно и високо ниво на менаџмент во компаниите.
- Вработени во ИТ секторите.
- Лица кои се директно вклучени во дигитализацијата и дигитална трансформација во бизнис секторот.
- Сопственици на мали и средни претпријатија
- Сите останати кои сакаат да го прошират своето знаење и вештини во областа на Дигиталната трансформација.
Вовед во Дигитална трансформација и клучни концепти
09:00-10:30 Сесија 1: Што преставува Дигитална транформација
- Преставување и активности за запознавање на учесниците
- Што е Дигитална трансформација?
- Претставување и опсег на дигитална трансформација.
- Важноста и влијание врз компаниите.
- Студии на случај за успешни дигитални трансформации
- Клучни елементи на Дигитална трансформација
- Технологии: AI, IoT, Cloud Computing, Big Data.
- Човечки ресурси: Дигитално лидерство, културолошки промени, развој на вештини
- Процеси: Автоматизација, агилни методологии, донесување одлуки врз база на податоци
10:30-10:45 Кафе пауза
10:45-12:00 Вежби во групи за различни дигитални трендови и нивното влијание
12:00-13:00 Ручек Пауза
13:00- 14:00 Сесија 2: Дигитална стратегија и патоказ кон Дигитална трансформација
- Креирање стратегија за дигитална трансформација
- Чекори за развој на дигитална стратегија.
- Усогласување на дигиталните иницијативи со деловните цели.
- Проценка на моменталната дигитална зрелост.
- Изградба на патоказ за дигитална трансформација
- Приоритизација на иницијативи.
- Поставување временски рокови и периодични цели
- Стратегии за управување со ризици.
14:00-15:00 Вежби за проценка на дигитална зрелост на компаниите
15:00-15:30 Резиме на денот и Q&A
Имплементирање на Дигитална трансформација и практични вежби
09:00-10:30 Сесија 3: Имплементација на Дигитална трансформација
- Управување со промени во дигиталната трансформација
- Важноста на управувањето со промените.
- Стратегии за управување со отпорот и поттикнување на дигитална култура.
- Улогата на лидерството во дигиталната трансформација.
- Усвојување и интеграција на технологии
- Избор на вистинскиот технолошки сет
- Интегрирање на нови технологии со постоечките системи.
- Најдобри практики за успешна имплементација.
10:30-10:45 Кафе пауза
10:45-12:00 Работилница за ,, Design thinking’’ за решавање на предизвик за дигитална трансформација.
12:00-13:00 Ручек Пауза
13:00-14:30 Сесија 4: Мерење на успесите и нивно постојано подобрување
- Клучни индикатори за изведба (KPI) за дигитална трансформација
- Идентификување на релевантни KPI.
- Следење на напредокот и мерење на успехот.
- Приспособување на стратегии засновани на податоци за перформансите.
- Континуирано подобрување и иновации
- Негување на култура на континуирано учење и иновации.
- Агилност во постојано променлива средина на дигитална трансформација.
- Алатки и техники за постојано подобрување.
14:30 – 15:00 Вежба за мапирање на идната визија на компаниите по нивната дигитална трансформација
15:00-15:30 Резиме на денот, Финална дискусија, Q&A
Запознајте ги предавачите
Јован Димитров
Сертифициран експерт за дигитална трансформација (CDTE) со докажано искуство во ИТ, регрутирање, финансии и банкарски индустрии. Магистер по е-бизнис менаџмент со силен фокус на финансиите. Долгорочно искуство и работа во маркетинг менаџмент, преговарање, бизнис планирање, програмски менаџмент, дигитална стратегија и трансформација.
Димитар Бардаров
Поседува повеќе од 18 години искуство во ИКТ индустријата, лидер во создавањето извонредни искуства на клиентите преку дигитални канали и платформи. Докажано искуство за развој и имплементација на стратегии за стекнување нови клиенти, задржување и додавање на долгорочни вредности, како и водење на организациски, културни и дигитални проекти за трансформација на повеќе функции и пазари.
Филомена Пљаковска-Аспровска
Главен извршен директор на КаСис АД со 20+ годишно докажано искуство во ИКТ, платежната и картична индустрија, е-комерц и ИТ безбедност. Во своето долгогодишно значајно искуство води проекти за дигитална трансформација, развој на стратегии за раст, иновации, автоматизација на процеси, проекти за имплементација на организациски промени и регулативи од доменот на ИТ безбедност.
Цена
20.000 МКД.
За двајца или повеќе учесници од истата компанија контактирајте нè на info@m6.edu.mk
Оваа активност е ко-финансирана од М6 Едукативниот центар и Владата на Швајцарија преку швајцарскиот проект „Образование за вработување“ – Е4Е@мк спроведуван од Хелветас.