Овој еднодневен тренинг е дизајниран да ви помогне да го подобрите вашиот начин на комуникација и да ги засилите врските во вашата работна средина. Во текот на оваа обука ќе истражите што е комуникација, зошто е важна, како да комуницирате ефективно, како да градите доверба во тимот и многу други аспекти на комуникацијата.

Содржина на тренингот:

1. Што е комуникација?

  • Процес на комуникација
  • Бариери во комуникацијата

 

2. Зошто ни е потребна комуникација?

  • Комуникацијата како алатка за зајакнување на самодовербата
  • Комуникацијата како алатка за градење на релација
  • Комуникацијата како алатка за слободно искажување и професионален развој и успех
  • Комуникацијата како вештина

 

3. Што е ЕФЕКТИВНА комуникација?

 

4. Фактори кои влијаат на ефективна комуникација

 

5. Алатки за ефективна комуникација

  • Активно слушање
  • Идентификување на интерес

 

6. Определување на комуникациски стилови – тест за комуникациски стил

  • Запознавање на стиловите и „интересите“ и карактеристиките за комуникација со различни комуникатори

 

7. Зајакнување на комуникацијата во тимот

  • Што е доверба?
  • Што е почит?
  • Градење на меѓусебна доверба и почит

 

8. Различни стилови на комуникација

  • Бариера во комуникацијата
  • Развивање на комуникациски вештини

 

9. Тимска комуникација

  • Препознавање на комуникациските стилови во тимовите
  • Определување на стилот на комуникација на состаноци, еден на еден и многу на многу

 

10. Вежби за утврдување на комуникацијата

Запознајте го менторот - Павле Зимбаков

Павле Зимбаков е искусен консултант со докажана историја на работа во областа на комуникација, продажба, преговарање, лидерство и менаџмент.

По вокација Магистер по Менаџмент на човечки ресурси а по професија тренер / обучувач и консултант. 

Павле има експертиза на теми: Унапредување на комуникациските вештини, Унапредување на презентациски вештини, Преговарање, Продажба, Справување и управување со конфликти, Градење на тимови итн.

Цена на тренингот:

9.000 ДЕН + ДДВ

За 2 или повеќе лица од иста компанија, контактирајте не на info@m6.edu.mk

За повеќе информации, контактирајте не преку преку формуларот долу:

Оваа активност е ко-финансирана од М6 Едукативниот центар и Владата на Швајцарија преку швајцарскиот проект „Образование за вработување“ – Е4Е@мк спроведуван од Хелветас.

chat-icon
0