
Ефективна комуникација и разрешување на конфликти на работно место
Во денешното работно окружување човечките вештини стануваат примарни за обавување на било која работна функција. Во рамки на нив, ефективната комуникација и вештините за разрешување на конфликти значително влијаат на иновациите, квалитетот на работните односи и работната продуктивност. Користејќи пристапи од психологијата, невронауката и менаџментот, оваа работилница има за цел да обезбеди основно знаење, практични алатки и стратегии за подобрување на комуникациските вештини, со цел превенирање и ефикасно разрешување на конфликтите.
Клучни информации
ИЗБЕРЕТЕ ЕДЕН ОД ПОНУДЕНИТЕ ТЕРМИНИ
7.10./ 8.10./ 9.10.2025
ВРЕМЕ
12:00-16:00 часот
ЦЕНА
3.000 ДЕНАРИ
Содржина, методологија на работа и времетраење
Преку комбинација од дискусии, реални примери и практични вежби, учесниците ќе стекнат подлабоко разбирање за природата на конфликтите и начините за нивно решавање. Поконкретно, работилницата ќе ги опфати следните теми: Основи на ефективна комуникација и анализа на бука, типови конфликти и причини за нивно настанување, пристапи и стратегии за разрешување на конфликтите, управување со емоции и техники за деескалација, примена на научените техники преку симулации и реални сценарија.
Времетраење на работилницата е 4 часа.
Цели
По завршување на работилницата, учесниците ќе имаат:
- Разбирање на основните принципи на ефективната комуникација
- Увид во различните пристапи за разрешување на конфликти и нивната примена
- Искуство со практична примена на техники за управување со конфликти во работното место и секојдневниот живот
- Развиени вештини за самоконтрола и емпатија во комуникациските процеси
- Идентификувани конкретни чекори за подобрување на комуникацијата и справување со предизвици поврзани со конфликтни ситуации на работното место
Придобивки за менаџерите:
- Подлабоко разбирање на вработените и нивните потреби.
- Да ги насочат ресурсите (вештини и делување) на вработените кон резултати и задоволство од работата.
- Вештини да ги комуницираат целите и задачите на начин што ќе ги ангажира и мотивира вреботените.
- Намалување на недоразбирања и конфликти, и создавање на позитивна работна атмосфера.
Придобивки за вработените:
- Подобра тимска соработка преку разбирање на емоциите и ставовите на колегите.
- Зголемена емоционална стабилност и отпорност на стрес.
- Подобра комуникација на идеи и иницијативи.
- Развивање на вештини за мотивирање на другите и градење доверба.
Запознајте го предавачот
Ана Костовска е психолог и носител е на општа лиценца за вршење на психолошка дејност. Својата 18 годишна кариера ја има градено главно во областа на организациска психологија работејќи на креирање на функционални системи за постигнување на организациски и личен раст и континуиран развој. Има долгогодишно искуство во поддршка на бизнисот, раководење и развој на тимови, дизајнирање и имплементација на процеси, програми и други развојни активности. За пристапот во нејзината работа и остварените резултати, во 2020 година добива награда “ЧР менаџер на годината” од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР). Таа е ко-основач и долгогодишен претседател на Лука Лидершип Македонија – невладина организација за поттикнување на трансформациско лидерство. Од 2023 година Костовска е и основач и управител на Центар за системски развој – ЦСР Соник, компанија за развој во општествените и хуманитарните науки со визија за просперитетно општество во кое луѓето и организациите го остваруваат својот потенцијал.
Оваа активност е ко-финансисрана од М6 Едукативен центар и Владата на Швајцарија преку швајцарскиот проект „Образование за вработување“ – Е4Е@mk имплементиран од Хелветас.
Имате прашања во врска работилницата? Обратете ни се преку формата подолу!