Ида Протугер
„Емоционалната интелигенција како фактор на иднината“ -
Промените што ги носи 21 век особено во делот на дигиталната трансформација и вештачката интелигенција се случуваат со динамика која досега не е забележана.
За разлика од претходните индустриски револуции каде промените се случувале во период од цел век, па и повеќе, сегашните промени кои ги носат дигиталната и техничка револуција се случуваат во период помал од една деценија.
Тоа дава многу големи предности, особено во технолошкиот напредок, медицината, комуникацијата. Од друга страна, таквата динамика на промени бара прилагодувања кои за многумина се стрес фактор. Справувањето со стресот и предизвиците што произлегуваат од тоа, влијаат негативно на продуктивноста.
Оттука, да се биде конкурентен, продуктивен и иновативен во време на интензивни промени еголемпредизвик во 21 век.
Клучно притоа е јакнење на резилиентноста на компанијата.
Првиот услов за тоа е компанијата да може да го следи технолошкиот напредок преку инвестиции во опрема.
Вториот е да го извлече најдоброто од својот човечкиот потенцијал во вид на креација и продуктивност. Тука е клучна емоционалната интелигенција.
Компаниите кои ја јакнат својата резилиентност за да можат позитивно да се прилагодат на промените, и преку негување на емоционално лидерство успеваат да го максимизираат потенцијалот на своите вработени, ќе бидат тие со конкурентска предност во 21 век.
Предвидувањата, особено во делот на вештачката интелигенција и технологијата се дека машините ќе заменуваат се повеќе операции кои досега ги вршеа луѓето. Но, она што пак машините не можат да го заменат сехуманите вештини(претходно познати како т.н. меки вештини) и креативниот човечки потенцијал.
Хумани вештини се оние кои овозможуваат воспоставување квалитетни односи меѓу луѓето, како емоционалната интелигенција, ефективна комуникација, свесност (self-awareness) и способност за личен развој.
Целта на овој тренинг е да подигне свеста за значењето на емоционалната интелигенција во зголемувањето на продуктивност на компаниите. Да се поттикне т.н. емоционално лидерство кое ќе успее да го максимизира човечкиот потенцијал во компанијата во насока на креација.
За учесниците на работилницата:
- Подигнување на свеста за значењето и употребата на емоционалната интелигенција како вештина
- Поттик кон развој на личните лидерски капацитети
- Холистички пристап во разбирањето на човечките потенцијали во компанијата
- Јакнење на хуманите вештини кои ќе им помогнат на лидерите и луѓето кои носат одлуки да создадат креативни заедници наместо работни средини.
- Разбирање на нефинансиската мотивација како фактор.
На корпоративно ниво:
- Зголемување на продуктивноста и ефикасноста на тимовите
- Поттик кон креирање резилиентни компании кои ќе можат позитивно да се прилагодат на промените што ги носи 21 век
Short bio:
Ида Протугер е сертифициран лајф и бизнис коуч, која живее и работи во Виена, Австрија.
Дипломирала психологија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.
Ида има повеќе од 20 години кариера во новинарството, главно на уреднички позиции во повеќе електронски и печатени медиуми, меѓу кои и авто и водител на дебатната емисија „Маркет 168“.
Кариерата ја почнува во новинската агенција МИА, а потоа работи и во Канал 5, Дневник, Алфа ТВ и неделникот Граѓански.
Од 2015 година живее во Виена каде поминува тригодишен тренинг и се сертифицира за лајф и бизнис коуч.
Има повеќе од 1.000 часови искуство во индивидуален коучинг и бројни тренинзи, главно за екс-пат заедницата во Австрија.
Нејзина професионална база е хуманистичката психологија која се фокусира на позитивниот човечки потенцијал.
Фокус во нејзината работа како бизнис коуч е создавање услови за максимизирање на човечкиот потенцијал што ќе доведе до зголемување на продуктивноста и ефикасноста на компаниите, преку работилници главно наменети за лидери и менаџмент.
Фокус во лајф коучингот е јакнење на резилиентноста како услов личноста да го развие личниот потенцијал до максимум и да води квалитетен и исполнет живот.
Теми на работилниците се: ефективна комуникација, развој на хумани вештини, конфликт менџамент, справување со стрес и промени, зголемување на резилиентност и медиа тренинг.
Датум:
14.04.2022