
Преглед на обуката
Оваа обука е дизајнирана за менаџери од другите корпоративни сектори кои редовно комуницираат со извршни финансиски менаџери и имаат потреба да се стекнат со вештини од областа на финансиите и сметководството во нивните професионални улоги.
Обуката има за цел да развие општо разбирање за тоа како вашите одлуки и активности влијаат на профитабилноста и тековниот прилив на готовина на вашата компанија. Дизајнирана е да ги одразува актуелните финансиски и економски состојби со кои се соочуваат компаниите на локалниот пазар.
Што ја прави оваа обука различна?
Покрај покривањето на основните концепти во финансии, обуката ќе ви обезбеди сеопфатно разбирање за тоа како одлуките за финансирање имаат влијание на вредноста на организацијата и ќе ја завршите обуката со способност да интегрирате финансиски мерки во донесувањето одлуки за бизнисот. Оваа обука има многу практична примена и ќе ви овозможи веднаш да ги примените новите технички знаења во секојдневното работење.
Методологија
Методологијата што ќе се применува ќе има за цел да обезбеди практичен, информативен и лесен за користење материјал, прилагоден на реалните потреби на нефинансиските раководители на оддели. Работилниците се дизајнирани со активно учество на учесиците за решавање на финансиските предизвици со кои се соочуваат во секоја компанија.
Што ќе научите
По завршувањето на обуката, учесниците ќе имаат детално и применето разбирање за:
- Разбирање на основните принципи на финансии и сметководство
- Значењето на буџетирањето во контекст на финансиската контрола во бизнисот
- Користење на финансиските извештаи на компанијата за развој на вашиот оддел во компанијата
- Разбирање како одлуките во вашите соодветни оддели влијаат на вкупната финансиска состојба и перформанси на компанијата
- Преглед на значењето на ликвидноста, управувањето со капиталот, обртот на средства
- Избегнување на прекумерно тргување и ефектот кој го има врз ликвидноста
- Користење на циклусот на конверзија на готовина за пресметување на вашите краткорочни финансиски потреби
- Детална анализа на извештајот за паричен тек и неговата централна улога во прогнозирањето на способноста на компанијата да ги врати долговите
Агенда
Ден 1
- Основи на финансии
- Разбирање на основните финансиски и сметководствени принципи
- Видови на финансирање
- Финансиски извештаи
Елементи на финансиските извештаи:
- Биланс на состојба
- Биланс на успех
- Извештај за готовински текови
- Користење на финансиските извештаи за развој на компанија
- Финансиска анализа
- Анализа на финансиски извештаи
- Анализа на финансиски индикатори:
- Индикатори на ликвидност
- Индикатори на профитабилност
- Индикатори на финансиска структура
- Индикатори на деловна активност
3. Разбирање и примена на клучните финансиски индикатори за проценка на перфомансите на компанија
- Прашања и одговори и интерактивна дискусија
Ден 2
- Вовед во управување со капитал
- Дефиниција и значење на управувањето со капитал
- Цели на ефективното управување со капитал
- Клучни компоненти на структурата на капиталот
- Управување со капитал и финансиски показатели
- Клучни финансиски показатели на кои управувањето со капитал има влијание
- Сооднос на задолженост и нивните импликации
- Влијанието на управувањето со капитал на поврат на инвестиции (ROI)
- Управување со работен капитал
- Разбирање на работен капитал
- Стратегии за оптимизирање на работниот капитал
- Управување со побарувања и обврски
- Управување со инвентарот и разгледување на ликвидноста
- Управување со паричен тек
- Значењето на паричниот тек за стабилноста и одржливоста на бизнисот
- Совети за управување со паричен тек
- Одржување на здрава парична позиција
- Прогнозирање на идната финансиска состојба на компаниите
- Проценки на продажба
- Потреби за работен капитал
- Фактори што влијаат на профитабилноста
- Проценка на потребите за позајмување
- Буџетирање
- Најдобри практики и студии на случаj
- Прашања и одговори и интерактивна дискусија
Ден 3
Обработка на домашни задачи и анализа на случаи (online)
Ден 3 ќе се реализира преку интерактивна онлајн платформа, каде што учесниците ќе решаваат студии на случај и домашни задачи, со цел да ги консолидираат финансиските концепти обработени за време на обуката.
Запознајте ги предавачите
Ѓорѓи Петрушев е извршен директор на Млекара АД Битола, со докажано искуство во во градење на деловни партнерства, соработка со одбори, банки, инвеститори, меѓународни финансиски институции и влади.
Фокусиран на формулирање и активно спроведување на стратегии за раст. Вешт во деловна анализа, идентификување на клучните двигатели на растот и постигнување мерливи резултати. Ориентиран кон создавање вредност преку ефикасно користење на податоци и аналитика, подобрување на бизнис операциите и унапредување на маркетинг стратегиите за производи. Поборник за доживотно учење и континуиран професионален развој.
Иван Диневски е независен консултант со повеќе од 20 години искуство на раководни позиции во делот на банкарското и финансиското работење. Менторство и техничка помош во над 100 компании во земјата во областите управување со проекти, бизнис планирање и финансиски менаџмент и пристап до финансии.
Цена
450 ЕВРА
За 2 или повеќе лица од иста компанија, контактирајте не на info@m6.edu.mk
Оваа активност е ко-финансирана од М6 Едукативен центар и Владата на Швајцарија преку проектот „Образование за вработување“ – E4E@mk спроведен од Хелветас.