Работилница со проф. Марјан Бојаџиев
"Лидерски способности - Како подобро да ги разбереме и уште подобро примениме"
На оваа обука, учесниците ќе научат како да станат ефективни лидери во време на промени и кризи. Ќе ги разгледаме најновите модели на лидерство и ќе истражиме како тие се поврзани со нивното работно место.
Оваа обука ќе се фокусира на одговарање на подолу наведените прашања и ќе се осврне на современите проблеми, во однос на менаџмент, лидерство, организациска и национална култура.
Покрај интерактивни сесии и дискусии со учесници, обучувачот ќе користи комбинација од алатки за искуствено учење и вежби за учење.
Со учество на горенаведената обука ќе имате можност да се вклучите и да добиете практични примери за најновите модели на лидерство како и за:
- Лидер и негово влијание на тимот;
- Што е работа на лидерот – според Jack Welch;
- Ситуационо лидерство или Теорија на „Големиот водач“;
- Концепти за 21 век: Зголемување на моќ, Делегирање, Органски организации наместо механички;
- Модел на организациона усогласеност –VOX;
- Влијанието на Организациска култура и Национална култура;
- Практични примери:Morgan Stanley, Nokia, Netflix, Eataly, Фудбалска репрезентација на Бразил.
За кого е наменета оваа обука?
- Висок менаџмент
- Менаџмент од средно и прво ниво
- Вработени во компании кои имаат желба да стекнат знаење и да се мотивираат за кариерен развој
- Сите лидери на денешницата, но и лидерите на иднината
Short bio:
Проф д-р Марјан И. Бојаџиев е Ректор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС). Како искусен професионалец, менаџер на многу македонски компании и член на бројни одбори во професионални организации, неговата цел е да го пренесе знаењето на идните генерации.
Во текот на неговата кариера, работел и соработувал со многу компании кои имале потреба за неговите вештини во области како: управување;лидерство;организационо однесување;организациско граѓанство и култура;финансии;маркетинг; итн.
Тој е одличен познавач на организациите, лидерските аспекти на пазарите во развој, водењето на организација од почетен до лидер на пазарот итн.
Во изминатите 30+ години има работено во реномирани високообразовни институции како што се: Факултетот за бизнис економија и менаџмент (SBE&M), Факултетот за бизнис администрација (SBA), Универзитетот Американ Колеџ Скопје, други институции како: Македонска банка АД Скопје, Македонска штедилница како и компании. Исто така, тој е член на: Управното Собрание при Стопанската Комора на Северна Македонија, оценувач на Советот за Акредитација за деловни школи и визитинг професор во меѓународни универзитети.