Живееме во време на интензивни промени каде дигиталната револуција и вештачката интелигенција ни ги менуваат животите преку ноќ. Таквите промени во голема мера влијаат и на организациите, при што притисокот за брза и позитивна адаптација кон тие промени е голем. Често, тие промени предизвикуваат кризи во организациите.

Поставувањето кон тие кризи е клучно и одредува дали тие кризи ќе имаат деструктивно дејство врз организацијата, тимот или проектот, или ќе бидат поттик за иновативни решенија кон раст.

Целта на работилницата е поддршка на носителите на одлуки и тимовите со конкретни стратегии и алатки да ја зајакнуваат резилиетноста на организацијата,  да овозможат позитивна адаптација кон промените и справување со кризни ситуации.

Темите кои ќе бидат покриени за време на работилницата се:

  • Разбирање на резилиентноста и потребата од позитивна адаптација кон промените
  • Кризи и нивно менаџирање
  • Градење флексибилни тимови
  • Негување култура на агилност во носењето одлуки 
  • Поттикнување мајндсет насочен кон ресурси и решенија 
  • Ефективна комуникација на цели

Запознајте го предавачот

Г-ѓа Ида Протугер е психолог, сертифициран тренер за личен и организациски развој и поранешен новинар. Во нејзината 20-годишна кариера во новинарството, главно на уреднички позиции, таа има обработувано теми како економија, бизнис и антикорупција.

Таа е вклучена во многу активности и проекти на граѓанското општество. Во 2017 година се пресели во Виена, Австрија, каде заврши тригодишна обука за личен и организациски развој.

Од 2020 година, таа работи како тренер за личен и организациски развој фокусирајќи се на темите: инспиративно лидерство, емоционална интелигенција, ефективна комуникација, управување со конфликти и издржливост.

Клучни информации

Времетраење: 09.00ч – 13.00ч

Овој тренинг е еднодневен, и ќе се оддржи со повеќе термини.

Датуми: 25.03, 26.03, 27.03 или 28.03

Обуката е наменета за групи од 20 учесници, при пријавувањето ве молиме наведете датум на кој би сакале да ја посетите обуката.

Цена

8.000 ДЕН. + ДДВ

За две или повеќе лица од иста компанија, контактирајте не на info@m6.edu.mk

Регистрирајте се преку формуларот долу:

Оваа активност е ко-финансирана од М6 Едукативниот центар и Владата на Швајцарија преку швајцарскиот проект „Образование за вработување“ – Е4Е@мк спроведуван од Хелветас.

chat-icon
0