25.02.2022
09:00 – 16:00
М6 Едукатицен центар
Обука со физичко присуство
Мотивација на тимови во време на криза
Оваа обука ќе се фокусира на одговарање на подолу наведенените прашања и ќе се осврне на современите проблеми, во однос на менаџирање и мотивирање на тимови. Со учество на обуката ќе добиете знаење и можност за размена на искуства во врска со:
- Што е мотивација?
- Како да ги мотивираме вработените?
- Како да изградиме високо мотивиран тим и како да ја задржиме мотивацијата во тимот?
- Техники за само-мотивација и мотивација.
- Како и во услови на „работа од дома“ да ја одржиме мотивацијата?
- Како начинот на комуникација може да ја балансира и зголеми мотивацијата на вработените?
- Конфликти vs. Мотивација
- Промени и менаџирање со промени во услови на „криза“.
- Градење на култура на взаемна доверба и почит
- Креирање на компаниски систем на мотивација
Павле Зимбаков
Павле Зимбаков, по вокација е Магистер по Менаџмент на човечки ресурси, како тренер, обучувач за бизнис едукација работи повеќе од 19 години на пазарот во Македонија и главно за македонски компании но исто така и за меѓународни организации како што се OSCE и USAID за кои има одржано неколку обуки на Англиски јазик.
Теми на кои работи повеќе од 19 години се главно темите поврзани со унапредување на вештини потребни за организациско функционирање т.е. унапредување на комуникациски вештини, унапредување на вештини за продажба и преговарање, напредни вештини за продажба како што се Up Selling и Cross-Selling, Консултативна продажба, унапредување на презентациски вештини, напредни преговарачки вештини итн.
2016 година се стекнува со сертификат GCDF – Global Career Development Facilitator што е меѓународен сертификат за консултантство и коуч за развој на кариера на групи луѓе или индивидуалци.
Во изминативе 18+ години имам одржано обуки за многу компании меѓу кои и најголемите во Македонија како што се Стопанска Банка АД Скопје, Алкалоид, Македонски Телеком, Космофон, Кроација Осигурување, Еуролинк, Зегин, Еурофарм, Ре-Медика, Медика Плус, Солопром, НОТУС Групација (модни брендови како што се Лакост, Гант, Марела …), Атлантик Група, Општина Карпош, Општина Гази Баба, ЈП Градски Паркинг, Сетек, Нептун, Глори ГБ, Кабтел, БлуБел, Кнауф, Стопанска Комора на Македонија, Фершпед, Сковин, ЕуроТабак, КриКри, УСАИД, ОБСЕ, Cylindo и уште многу други.