Оглас за набавка и сетирање аудио/видео опрема
Проектот „Ангажирање на приватниот сектор – ПСЕ“, поддржан од М6 Едукативен центар, 30 македонски компании и проектот Образование за вработување, имплементиран од Хелветас Швајцарска подружница, има потреба од набавка и сетирање на аудио/видео опрема за развој на дигитално студио.
Техничката и финансиската понуда треба да бидат доставени најдоцна до 10 Април 2025 година, во две посебни затворени пликоа со назнака „Tender for Audio/video Equipment” на следната адреса:
M6 Eдукативен Центар Скопје
Ул. Димче Беловски бр.2
1000, Скопје, Северна Македонија
Заинтересираните страни можат да поставуваат прашања во врска со повикот на адресата info@m6.edu.mk најдоцна до 7 Април 2025 година, со назнака „Tender for audio/video equipment”. Одговорите на сите поставени прашања ќе бидат јавно објавени на веб страната на M6 Едукативен центар во продолжение на овој повик.