
За обуката
Секој од нас комуницира, но малкумина знаат да остават впечаток.
Обуката „Од трема до триумф – уметноста на јавното говорење“ ќе ви помогне да зборувате појасно и посигурно, без разлика дали настапувате пред вашиот тим, публика или камера.
Преку комбинација од практични вежби, теорија и актерски техники, ќе дознаете како да ја контролирате тремата, да ја користите емоцијата во ваша корист и да изградите силна сценска присутност.
Посебен дел од обуката е посветен и на настап пред медиуми и камера, за да бидете подготвени за секоја ситуација.
За кого е наменета
- Менаџери и лидери кои сакаат да зборуваат со авторитет и да ги инспирираат луѓето околу себе
- Професионалци кои преминуваат во нови улоги со поголеми барања за јавен настап и презентации
- Претприемачи кои треба да изградат доверба и да остават впечаток кај клиенти или инвеститори
- Луѓе кои работат во комуникации, PR или консалтинг и сакаат да настапуваат посигурно и поубедливо
- Секој кој сака да зборува појасно и посигурно и да остава впечаток, без разлика на ситуацијата
- Внатрешни процеси на размислување и верувања кои влијаат на начинот на кој зборувате
- Препознавање и менување на научени стилови на комуникација
- Надминување на трема, блокади и бариери пред јавен настап
- Градење самодоверба како говорник
- Техники на изразување и подготовка на материјалот за секаква прилика
- Актерски техники за јавен настап
- Практични вежби
- Јавен настап со структура, јасност и сигурност
- Владеење со емоции
- Градење однос со публиката и одржување на внимание
- Користење на енергија и сценска присутност за посилен впечаток
- Практични вежби
- Односи со медиуми
- Настап на телевизија
- Справување со тешки и неочекувани прашања
- Однесување пред камера
- Практични вежби
Клучни Информации
Датум : 12, 13 и 14 Мај
Време: 09:00 – 15:30
Формат : Физичко присуство
Јазик: Македонски јазик
30% Попуст за 3 или над 3 вработени од иста компанија
Запознајте ги предавачите

Јована Аврамовска Николовска
Специјалист за односи со јавност во ЗМАИ
Јована Аврамовска Николовска е водителка и уредник со искуство во медиуми и односи со јавноста. Како некој кој секојдневно зборува пред публика или камера, ќе ви покаже како да ја надминете тремата и да изградите појасен и поуверлив јавен настап.

Ирена Јакимова
Основач на Инспирит Коучинг
Ирена Јакимова, MBA, е професионален тренер и коуч со повеќе од 12 години искуство на домашна и меѓународна сцена. Работи со лидери и поединци кои сакаат да зборуваат посигурно и да се претстават подобро. Преку спојот на личен развој и комуникација, ќе ви помогне да ја надминете тремата и да зборувате со самодоверба која се гледа и се чувствува.

Катерина Коцевска
Актерка
Катерина Коцевска е театарска, филмска и телевизиска актерка со долгогодишно искуство и еден од најпрепознатливите гласови на македонската сцена. Знае подобро од кој било што значи да ја задржиш публиката. Нејзините актерски техники ќе ви помогнат да се чувствувате природно и сигурно секогаш кога зборувате пред други.
Цена
24.000 ДЕН. со вклучен ДДВ
- За 3 или повеќе од 3 учесници од иста компанија добивате 30% попуст
ОБРАТЕТЕ СЕ НА: info.edu.mk или+389 2 3181 781
Оваа активност е ко-финансирана од М6 Едукативен центар и Владата на Швајцарија преку проектот „Образование за вработување“ – E4E@mk спроведен од Хелветас.





























