Оваа обука има за цел да им помогне на компаниите да ги зголемат своите извозни активности преку систематски пристап и практични совети. Учесниците ќе научат како да ги идентификуваат потенцијалните странски пазари, да развијат ефективни извозни стратегии, и да ги совладаат регулаторните и логистичките аспекти на меѓународната трговија.
Практични примери и студии на случај ќе им овозможат на учесниците да ги применат научените техники во своите компании, со цел успешно проширување на нивниот пазар и зголемување на приходите преку извоз.
Содржина на тренингот
- Зошто воопшто да се извезува
- Бенефити од извозот
- Проценка на извозниот потенцијал
- Развивање на извозна стратегија
- Идентификација на целни странски пазари
- Како да се дојде до квалитетни купувачи на странските пазари?
- Подготовка на производите за странските пазари
- Методи и канали на продажба во странство
- Политика на цени, понуди и комерцијални услови
- Модели на плаќања и финансирање на извозните активности
- Испорака на стоката: Транспорт, Логистика, Шпедиција и административни формалности
- Правната страна на меѓународните комерцијални операции
- Интернационален Бизнис
- Интернационална продажба и Маркетинг
- Интернационални финансии, трансфер цени
- Менаџерирање на меѓународни ризици (International Risk Management)
- Меѓународни стратегии за извоз и меѓународни активности
- CROSS-CULTURAL MANAGEMENT Како е да се работи со различни култури?
- Логистика и транспорт
- Интернационални комерцијални услови
- Глобално снабдување и логистика
- Заштита на интелектуална сопственост
- Арбитража
- Преглед на меѓународното трговско право (Конвенцијата на Обединетите нации за договори за меѓународна продажба на стоки (CISG) и меѓународни трговски термини (INCOTERMS))
- Основни елементи на договор – како да се создаде правен однос, понуда, прифаќање и разгледување.
- Структура и делови на договор – идентификација на типовите клаузули во договорите и нивната функција. Како да се напише договорот и важните клаузули што одат со него.
- Формирање на договор: како да знаете дали имате валиден и спроведлив договор што дава резултати.
- Важноста на заедничката согласност: како да се избегнат проблеми поврзани со „согласност на волјите“ помеѓу страните.
- Меѓународни трговски договори – научете како продажните договори се спроведуваат на меѓународно ниво.
- Решавање на Спорови и Извршување
- компании кои сакаат да започнат со извоз или кои веќе извезуваат и сакаат да го зголемат извозот
- поединци кои сакаат да стекнат нови вештини и знаења за да работат успешно во извозни компании
Запознајте ги предавачите
Љупчо Велески
Директор за извоз, Витаминка АД
ТАЊА ЕВРОСИМОВСКА
Основач на Матрона Конс
Влатко Бежоски
Директор за продажба и маркетинг во Quehenberger Logistics GmbH
Игор Александровски
Основач/Партнер на Апостолска, Александровски и Партнери
Јасмина Апостолоска Марковска
Маркетинг и Тренинг менаџер, М6 Едукативен центар
Проф. д-р Весна Георгиева Свртинов
Професор на Економски Факултет, при Универзитет „Гоце Делчев“
Александар Дубров (гостин предавач)
Head of Logistics, Винарија Тиквеш
Елена Младеновска Јеленковиќ (гостин предавач)
Извршен Директор, Здружение Вина од Македонија
Сашо Ристевски (ГОСТИН ПРЕДАВАЧ)
Извршен Директор, Македонска Асоцијација на Преработувачи
Цена
24.000 денари
За два или повеќе учесници од истата компанија контактирајте нè на info@m6.edu.mk
Оваа активност е ко-финансирана од М6 Едукативниот центар и Владата на Швајцарија преку швајцарскиот проект „Образование за вработување“ – Е4Е@мк спроведуван од Хелветас.