Весна Паункоска Додевска
Обука за практична примена на Законот за заштита на личните податоци
Во време кога информациите се прибираат на брз и едноставен начин, и кога дигитализацијата зема се поголем замав во нашето секојдневие, заштитата на личните податоци добива сè поголема важност. Без оглед дали станува збор за лични податоци на клиентите или вработените, правата и обврските на контролорот во врска со обработката на тие податоци, како и правата на поединците (субјектите на личните податоци) се пропишани и дополнително заштитени со одредбите на Законот за заштита на личните податоци. Законот за заштита на личните податоци донесе неколку значајни новини, коишто предвидуваат зголемен обем на обврски за контролорите, а во насока на обезбедување на поголем степен на заштита на личните податоци на поединците (субјектите на личните податоци).
Целта на Обуката за практична примена на Законот за заштита на личните податоци е преку практични примери учесниците да се запознаат поблиску со Законот за заштита на личните податоци. Подетално, преку Обуката ќе бидат опфатени следните теми:
- Основи на заштитата на личните податоци – зошто треба личните податоци да бидат заштитени?
- Законот за заштита на личните податоци
- Што претставува личен податок?
- Основни поими
- Начела на обработка
- Основи за обработка на лични податоци
- Обработка на посебни категории на лични податоци
- Права и информирање на поединците (субјектите на личните податоци)
- Офицер за заштита на личните податоци
- Давање на лични податоци на користење
- Обработувач, заеднички контролори
- Безбедност на личните податоци
- Проценка на влијанието на заштитата на личните податоци (Data Protection Impact Assesment)
- Нарушување на безбедноста на личните податоци
- Пренос на личните податоци во трети земји и меѓународни организации
- Институционална заштита на личните податоци
- Санкции за прекршоци
- Директен маркетинг
- Фотографии и видео записи
Short bio:
Г-ѓа Паункоска Додевска има образование од областа на правните науки со претходно работно искуство во приватниот и јавниот сектор во областа на деловното право и заштита на личните податоци.
Г-ѓа Весна Паункоска Додевска е доктор по правни науки од областа на деловното право, работејќи на докторската теза „Изгубена добвивка“, паралелно на два универзитети, и тоа во: Македонија и Словенија.
Во моментов г-ѓа Паункоска Додевска е Раководител на Службата за правни и корпоративни работи во Триглав Осигурување АД, Скопје. Работното место Раководител на Службата за правни и корпоративни работи ги опфаќа сите правни работи поврзани со деловното и корпоративно право на Друштвото, како што се обезбедување на ефективно водење на работењето на Одборот на директори и неговите работни тела (комисии); централна контакт точка помеѓу членовите на Одборот на директори, акционерите и менаџерите; советување и анализа за специфични прашања поврзани со корпоративното управување на Друштвото; обезбедување на усогласеноста на работењето на Друштвото со националните прописи; советување во однос на тргување и трансакции со хартии од вредност; подготовка и анализа на договорите на Друштвото и подготовка и водење на седниците на Собранието на акционери на Друштвото.
Во исто време, г-ѓа Весна Паункоска Додевска е и Офицер за заштита на личните податоци во Триглав Осигурување АД, Скопје.
Пред вработувањето во Триглав Осигурување АД, Скопје, г-ѓа Весна Паункоска Додевска 5 (пет) години работеше како советник во Дирекцијата за заштита на личните податоци и директно беше вклучена во подготовка на предлог-закони и подзаконски акти, компаративна анализа на закони, истражување, давање мислења во врска со практичната примена на Законот за заштита на личните податоци, управна постапка, коресподенција со други институции, а беше и претседател на Комисијата за одлучување по прекршок.
Во периодот помеѓу 2010-2011 година, г-ѓа Паункоска Додевска беше ангажирана како експерт на Проектот од Европската Комисија „Поддршка на Дирекцијата за заштита на личните податоци“.
Regular price: 3.075 MKD + DDV