Настанот е наменет за компаниите од:
- ИКТ секторот
- рударството
- заштита на животната средина
- производство и продажба на медицинска опрема и градежништвото
Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Република
Северна Македонија и Република Финска на настанот по официјалниот дел, ќе биде
презентирана и бизнис климата во Република Финска, како и можностите за соработка
со фински компании. По завршувањето на форумот домашните компании ќе имаат
можност да остварат и директни билатерални средби со претставниците од бизнис
секторот од Финска, заинтересирани за воспоставување деловна соработка со
партнери од Северна Македонија.
Бизнис форумот ќе се одржи на 17 мај 2023 година (среда), со почеток во 11:30
часот, во просториите на М6 Едукативен центар.
Сите заинтересирани компании своето учество можат да го пријават на:
м-р Сања Николова
Телефон: ++ 389 2 3244091, Моб: 071 230 452,
Е-адреса: sanja@mchamber.mk