Малопродажбата се смета за еден од секторите што статистички вработува најголем дел од жителите на нашата земја. Истражувањата покажуваат дека компаниите во оваа индустрија обезбедуваат елементарно обучување за своите вработени, но кога станува збор за раководители во областа, повеќето малопродажни бизниси се принудени да бараат дополнителен професионален развој. Обуката Excellence in Retail на М6 Едукативен центар нуди внимателно дизајнирана програма за развој на вештини со цел да им помогне на нашите најголеми трговци да ги постигнат своите стратешки цели, да растат и да ја изградат силата на менаџментот. Искусните експерти кои се тренери во рамките на обуката ќе споделат најсовремено, практично знаење.
Придружете ни се на оваа сеопфатна обука каде што ќе ги научите и развиете потребните вештини и компетенции за да успеете во турбулентниот свет на малопродажбата!
Содржина на тренингот
- Разбирање што всушност е продажбата: рушење на предрасудите за продажбата.
- Разбирање на клиентите и грижата за клиентите како клучни состојки во процесот на продажба: психологија на однесувањето на клиентите.
- Бихејвиорална економија, когнитивни предрасуди, емоционални тригери и “customer journey“.
- Подготовка за успех: развивање на совршен начин на размислување преку градење односи, разбирање на потребите на пазарот, нудење решенија и континуирано подобрување за создавање култура насочена кон клиентите.
Управување со залихи
- Надополнување и управување со залихи
- Следење на достапноста на производите и спречување на недостаток на залихи
Транспорт и логистика
- Транспортни методи, управување со синџирот на снабдување, складирање, дистрибуција и ефективно планирање
Merchandising
- Принципи за распоред и дизајн на продавницата
- Аранжман на производи и создавање дисплеи кои го подобруваат искуството за купување
Маркетинг
- Анализа на пазарот
- Маркетинг стратегии кои најдобро функционираат за различни видови брендови
- Најчесто користени маркетинг алатки за зголемување на сообраќајот и продажбата во продавниците
- Соработка помеѓу комерцијални одделенија и оддели за маркетинг
- Како дигитализацијата и автоматизацијата го менуваат маркетинг пристапот
Градење стратегија за ценовно позиционирање во малопродажба
- Стратешко планирање на приходите (SRM)
- Менаџирање на добавувачи (Supplier Management)
- Ценовна стратегија (Pricing Strategy in a nutshell)
- Како понатаму – Аналитички пристап и носење тешки одлуки
Продажба
- Процес на продажба
- Чекори во продажбата
- Cross-selling and upselling
- Продажна инка
- Фази на продажна инка
- Стратегии за продажна инка
- Алатки и технологии
- KPI за продажба
- Мерење на продажбата
- Донесување одлуки базирани на податоци
Корисничко искуство и креирање лојалност
- Создавање незаборавни искуства за да се изгради лојалност на клиентите
- Ефективни техники за комуникација
- Активно слушање и емпатија
- Разрешување на конфликти
Тимска работа и соработка
- Ефикасна соработка со колегите и претпоставените
- Споделување информации и меѓусебна поддршка
- Заедничко решавање на проблеми и донесување одлуки
Управување со продажен објект
- Грижа за роба
- Грижа за клиентите
- Грижа за вработените
Управување со времето и одредување приоритети
- Балансирање на интеракциите на клиентите со други задачи
- Ефикасно справување со повеќе одговорности
- Прилагодување на фреквенцијата во продажниот објект
Лидерски и супервизорски вештини
- Управување со тимот и делегирање
- Евалуација на перформансите и тренинг
- Поставување и постигнување на малопродажни цели
- Личен развој и континуирано учење
- Поттикнување на размислување за раст и став за учење
- Барање повратни информации за подобрување
Вештачка интелигенција
- Разбирање на вештачката интелигенција
- Решенија кои ги подобруваат искуствата на клиентите, ги насочуваат операциите и поттикнуваат раст
Е-трговија
- Основи на е-трговија и поставување онлајн продавница
- Маркетинг во е-трговија, плаќање, безбедност и управување со залихи
- Корисничка поддршка во е-трговија
Преглед на тренингот и планирање следни чекори
- Подобрување на знаењето, сеопфатно разбирање за тоа како начинот на размислување и вештините придонесуваат за успех
- Планирање за следни чекори
- Професионалци во малопродажба кои сакаат да ги подобрат своите продажни вештини и да го зголемат своето знаење за сите сегменти во малопродажбата.
- Менаџери и супервизори во малопродажба кои сакаат да ги подобрат вештините за водење на тимови, поставување цели и нивна реализација.
- Вработени во малопродажба заинтересирани за подобрување на услугите за клиентите и градење на лојалност кај клиентите.
- Секој кој сака да ги подобри своите знаења и вештини во малопродажната индустрија за личен или професионален развој.
Запознајте ги предавачите
Гоце Боцески
Генерален директор на Нептун Македонија
Генерален директор на Нептун Македонија, е искусен лидер со силни лидерски вештини. Со богато искуство во управување со компании на регионално ниво, Гоце има големо познавање на буџетирање, развој на бизнис и стратегии, управување со кризи и одговорности за P&L, малопродажба и дистрибуција, со силен фокус на развој, продажба и маркетинг.
Ана Костовска
Основач на Центар за системски развој - CSD SONIK
Организациски психолог чиј главен фокус е усогласување на организациските цели со целите на вработените. Ана има 15+ години искуство во управување и развој на тимови, процеси и имплементација на обуки и други развојни активности, главно во малопродажната индустрија. Таа е основач и извршен директор на Центарот за системски развој - CSD Sonik од 2023 година.
Петар Денковски (Гостин предавач)
Генерален директор во Веропулос Дооел
Искусен професионалец за малопродажба со над две децении искуство. Како генерален директор во Веропулос Дооел, тој носи богато знаење за продажба, маркетинг и деловна стратегија. Тој е експерт за малопродажба благодарение на неговата експертиза за FMCG, трговија и истражување на пазарот.
Александар Сарџовски
Директор за продажба во А1 Македонија
Директор за продажба во А1 Македонија, професионалец со обемно искуство во менаџмент, маркетинг, економија и телекомуникации. Со својата стручност, Александар беше клучен за поттикнување на продажба и постигнување успех во неговата улога во А1 Македонија.
Борче Ѓорѓески
Раководител на контакт центарот на А1 Македонија
Раководител на контакт центарот за корисници во А1 Македонија, има над деценија искуство во телекомуникации и услуга на клиенти. Главен фокус на неговата работа е автоматизација на контакт центарот и зголемување на интеракции со корисниците преку дигиталните канали на А1 Македонија.
Дане Тодоровски
Комерцијален директор во Iute Macedonia
Повеќе од една деценија лидерско искуство во секторите за финансии, малопродажба и исхрана. Неговата разновидна експертиза исто така опфаќа консалтинг за претпријатија за менаџмент и реструктуирање. Со искуство за стратешка визија, Дане е динамичен лидер со уникатен спој на деловни и менаџмент вештини.
Дејан Стојановиќ
Сениор тренер во PRO UPGRADE
Економист и магистрант на Филозофскиот факултет во рамките на УКИМ, со долгогодишно работно искуство во земјава и регионот. Во својата кариера, Дејан работел за светски познати компании како Philip Morris, Ferrero, Cisco Systems. Во 2015 година ја основа компанија PRO UPGRADE, преку која спроведува обуки верификувани во Центарот за Образование на Возрасни лица во Скопје.
Драган Јосифовски
Ко-основач и извршен директор на Пакет
Ко-основач и извршен директор на Пакет, со силни лидерски способности и иновативен пристап. Со искуство во управување со проекти и е-трговија, тој има особена способност да води и да постигне резултати во бизнисот благодарение на неговата стратешка визија.
Влатко Безоски
Директор за продажба и маркетинг во Quehenberger Logistics GmbH
Богато искуство како директор за продажба и маркетинг во Quehenberger Logistics GmbH. Тој нуди експертиза во управувањето со канали на дистрибуција, управување со синџирот на снабдување и логистичките операции.
Елена Младеновска Јеленковиќ
Извршен директор на М6 Едукативен центар
Извршен директор на M6 Едукативен центар и менаџер за корпоративни комуникации во Винарија Тиквеш и M6 Investments, професор на University American College Skopje и ментор на преку 200 компании во С. Македонија по теми на комуникација и маркетинг.
Пенка Додевска
Директор на продажба и развој во ТЕХНОТРАНС ДОО
Искусна како директор за набавки и логистика, менаџер за логистика и supply chain manager. Нејзините вештини вклучуваат планирање и менаџирање на залихи, организација на транспорт и магацинско работење, координација на вработените во секторот, поставување и остварување на годишни цели.
Јасмина Апостолоска
Маркетинг Директор во Тинекс
Маркетинг професионалец со 15+ години работно искуство во различни индустрии, од кој најголем дел во малопродажба како маркетинг менаџер и тим лидер за програма за лојалност во Fashion Group Македонија. Таа е исто така основач на онлајн продавницата за деца KidsToday.
Дејан Ваневски
Партнер во THRIVITY
Има повеќе од 18 години работно искуство во странски и локални компании од FMCG секторот (Wrigley и Mars). Од 2020 година кариерата ја продолжува како партнер во агенцијата за регрутација THRIVITY. Секогаш фокусиран на луѓето, силно верува дека само со вистинските луѓе на вистинско место се доаѓа до успешни бизнис резултати. Развојни програми на кои работи како надворешен соработник и фасилитатор се: бизнис планирање, развој на тимови, коучинг, комерцијално преговарање, лидерство, управување со човечки капитал и таленти.
Игор Трпковски
Консултант за ритејл менаџмент во Примитиво Раководител на Маркетинг | Перформанси и раст во Ананас.мк
Цена
750 Евра + ДДВ
За два или повеќе учесници од истата компанија контактирајте нè на info@m6.edu.mk
Што ќе добиете
- 5 модули, 10 дена предавања, еднаш неделно
- 70 часа учење преку предавања, вежби и дискусии
- Можност за учење преку практични лекции и анализа на реални случаи
- Менторство од експерти во индустријата
- Можности за вмрежување
- Сертификат за завршена обука од М6 Едукативен центар
Дополнително, учесниците имаат можност да изберат да присуствуваат и само на одредени модул/и. Цената се формира во зависност од бројот на избрани модули
Оваа активност е ко-финансирана од М6 Едукативниот центар и Владата на Швајцарија преку швајцарскиот проект „Образование за вработување“ – Е4Е@мк спроведуван од Хелветас.