PMI North Macedonia Annual Conference 2026: Impact Over Output – Redefining Project Success
На 16 октомври 2026 година, во M6 Едукативен Центар Скопје, ќе се одржи Годишната конференција 2026 на PMI North Macedonia Chapter, посветена на една од клучните теми во современиот project management – како да се мери вистинскиот успех на еден проект.
M6 Едукативен Центар, во соработка со PMI North Macedonia Chapter, е коорганизатор на конференцијата, која ќе започне во 09:30 часот и ќе ги обедини проектните професионалци, лидерите и носителите на промени за разговор за создавањето реална деловна вредност преку проектите.
Овогодишната конференција е посветена на темата:
„Impact Over Output – Redefining Project Success“
From Delivery to Value in a Changing World
Кога проектот навистина е успешен?
Успешноста на еден проект често се мери преку познатата листа: дали е завршен навреме, дали е реализиран во рамки на буџетот, дали опфатот е исполнет и дали испораките се прифатени.
Но, што се случува шест месеци подоцна?
Дали решението навистина се користи? Дали новиот процес е прифатен од тимовите? Дали системот што функционира технички го решил проблемот за кој бил креиран? И, најважно, дали проектот создал трајна вредност за организацијата?
Токму овие прашања ја отвораат дискусијата за разликата меѓу output и impact.
Output е она што го испорачуваме.
Impact е она што се менува како резултат на тоа што сме го испорачале.
Проектот може да биде реализиран со одредени доцнења, промени и тешки одлуки, но доколку на крајот придонесе кон подобрување на начинот на работа, решавање на реален деловен проблем и создавање долгорочна вредност – тогаш неговиот успех можеби се мери со многу повеќе од навремената испорака.
Од испорака кон вредност
Конференцијата Impact Over Output – Redefining Project Success ќе отвори простор за разговор за тоа како проектните професионалци можат да гледаат подалеку од самата испорака и да се фокусираат на резултатите, влијанието и вредноста што проектите ја создаваат.
Темите и дискусиите ќе бидат насочени кон современите предизвици во project management, лидерството, носењето одлуки и создавањето одржлива вредност во услови на постојани промени.
Настанот е можност за проектни менаџери, лидери, професионалци и сите кои се вклучени во иницијативи за организациски промени да разменат искуства, перспективи и практики од своето професионално секојдневие.
Посебна поволност за M6 членките
За членовите на M6 заедницата е обезбедена специјална цена за учество:
- Редовна цена: 4.500 денари
- Специјална цена за M6 членки: 3.000 денари + ДДВ
Заинтересираните претставници од компаниите можат да се пријават најдоцна до 14 октомври 2026 година.
PMI North Macedonia Annual Conference 2026 ќе се одржи на 16 октомври 2026 година, со почеток во 09:30 часот, во M6 Едукативен Центар Скопје.