M6 Едукативен центар и Институтот за семејни студии при Филозофскиот факултет во Скопје, Универзитет св. “Кирил и Методиј” организираат Меѓународна конференција на тема “Предизвиците на современите семејства”.
Конференцијата ќе се одржи на 29ти и 30ти октомври во просториите на М6 Едукативниот центар.
Конференцијата ќе опфати широк спектар на теми, вклучувајќи:
- Промена на семејните структури;
- Трансформација на семејствата;
- Семејството и општеството;
- Семејството низ историјата;
- Рамнотежа помеѓу семејството и работата;
- Семејството и родителството во дигиталната ера;
- Семејство со член со попреченост;
- Семејно насилство;
- Меѓугенерациска динамика;
- Семејството и социјалната заштита;
- Миграции и демографски промени;
- Семејството и политичките кризи;
- Ментално здравје и благосостојба;
- Стареење и грижа за постарите;
- Семејна медијација итн.
Во рамките на конференцијата над 60 претставници од земјава и странство ќе ги презентираат своите научни трудови на овие теми, но ќе се одржат и два панели со истакнати личности од нашето општество.
Оваа конференција е значајна бидејќи овозможува платформа за размена на знаења и искуства за предизвиците со кои се соочуваат современите семејства. Мултидисциплинираните дискусии ќе придонесат кон подобро разбирање и поддршка на семејствата во денешното општество, како и креирање на политики и стратегии кои ќе ги подобрат условите за сите членови на семејството.