Мај е месец за подигнување на свеста за менталното здравје.

Во денешниот свет кој се движи со брзо темпо и постојани промени, справување со стресот е примарен предизвик.

Конкурентниот корпоративен свет врши притисок да се зголеми продуктивноста и растот. Менаџерите и членовите на тимот често се чувствуваат преоптоварени и секојдневно се соочуваат со предизвиците на постигнување на сите барања и обврски.

Прилагодувањето на ова брзо темпо и постигнување на бараните резултати често доведува до стрес, што може да ја попречи креативноста и продуктивноста на вработените. На лицата под стрес им е тешко да бидат нивната најпродуктивна и креативна верзија од себе. За вистински да напредуваат, поединците треба да се чувствуваат добро и мотивирано. 

Креирање на пријатна работна атмосфера е клучно за да се искористи максимално потенцијалот на луѓето. Преку учење како да се справува со стресот и градење на отпорност, можеме да ја ослободиме нашата кративност и продуктивност, наместо да се трошат ресурси за да се справуваме со стресот. Работилницата има за цел да ја подобри отпорноста, да ги опреми поединците со стратегии за управување со стресот и да ја промовира нивната благосостојба.

Фокус на работилницата

  • Да се стекне разбирање за концептот на благосостојба и неговото значење на работното место
  • Истражување на механизмите на стрес и идентификување на персонални извори на стрес
  • Учење техники за управување со стрес засновани на докази и стратегии за грижа за себе
  • Негување на корпоративна култура која дава приоритет на благосостојбата на вработените

Исход на работилницата

  • Подобрени вештини за управување со стресот
  • Развој на персонализирани стратегии за грижа за себе и справување со стресот
  • Култивирање на корпоративна култура погодна за благосостојба и продуктивност на вработените
  • Зголемена продуктивност, креативност и целокупно задоволство од работата

Клучни информации

Времетраење: 4 часа
Датум и време:
31.05.2024 од 12:00 до 16:00 часот
03.06.2024 од 12:00 до 16:00 часот

Цена:

13.000 Ден. + ДДВ

Оваа активност е ко-финансирана од М6 Едукативниот центар и Владата на Швајцарија преку швајцарскиот проект „Образование за вработување“ – Е4Е@мк спроведуван од Хелветас.

chat-icon
0