“Talks with Dr. Adizes – inspiration and insights”
Со задоволство сакаме да најавиме дека М6 Едукативен центар го организира престижниот настан “Talks with Dr. Adizes – inspiration and insights” кој ќе се одржи на 20.05.2024 год.
На настанот Др. Исак Адижес, глобален експерт за менаџмент и деловна организација, ќе зборува за предизвиците и можностите со кои компаниите се соочуваат во турбулентните времиња за бизнис секторот и општеството, како и за што може да преземат организациите за подобро функционирање во такво опкружување.
Настанот преставува можност да се стекнете со вредно знаење од глобален експерт, како и да направите конекции и споделите искуства со останатите учесници.
Овој настан е организиран од М6 Едукативниот центар и поддржан од Владата на Швајцарија преку швајцарскиот проект „Образование за вработување“ – Е4Е@мк спроведуван од Хелветас.
Датум и време: 20.05.2024, 15:00 – 17:00
Локација: Македонска Филхармонија (мала сала)
Кој е Д-р. Исак Адижес?
Др. Исак Адижес е светски познат консултант, автор и академик, по потекло од Македонија. Со повеќе од 50 години искуство, неговата Адижес методологија за менаџмент е рангирана во ТОП 10 методологии во светот. Тој е консултант на голем број од најголемите компании во светот, вклучувајќи ги и Fortune 500 компаниите. Др. Адижес е автор на 27 книги преведени на 33 јазици, а неговите идеи и пристапи се применуваат во повеќе од 1000 организации низ светот.
Роден во Скопје, Македонија, Др. Адижес се преселил во Соединетите Американски Држави каде станал професор на неколку престижни универзитети, вклучувајќи ги UCLA и Stanford. Тој е добитник на награди и почести за неговиот придонес во областа на менаџментот и лидерството. Др. Адижес има богато искуство во ширење на своите идеи во повеќе од 50 земји и е често цитиран во публикации како The Wall Street Journal, Fortune и The New York Times.
Освен успешната консултантска кариера, Др. Адижес е основач на Adizes Institute, меѓународна консултантска фирма која им помага на организациите да ги постигнат нивните цели преку неговата методологија.
Доколку сакате да го дополните вашето искуство на настанот, имате можност да ја купите книгата “Управување со корпоративни животни циклуси”* од реномираниот експерт за менаџмент, Д-р. Исак Адижес, заедно со вашата влезница.
Во текот на настанот, ќе има ексклузивно потпишување на книги, каде што учесниците ќе имаат можност да им бидат потпишани книгите од Д-р. Исак Адижес.
*Книгата е со превод на Македонски јазик
Агенда
14:30 – 15:00 – Регистрација на учесници
15:00 – 17:00 – Разговор со др. Адижес
17:00 – 17:30 – Потпишување на книги